УЕФА го казни ПСЖ со 150.000 евра!

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА го казни ПСЖ со 150.000 евра!
ФОТО: FC PSG/FB

УЕФА односно Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот, изрече остри санкции врз ПСЖ, за се она што се случуваше на 31 мај на финалето во Минхен од Лигата на Шампионите.

Казната е севкупно 150.000 евра и тоа поради нередите кои што ги направија на фановите на “светците“ на тоа финале против Интер кој го добија со 5:0.

Поради влегување на теренот и употреба на пиротехнички средства, поради фрлање на предмети на теренот, истакнување на пароли со политички контекст, како и оштетување на дел од стадионот во Минхен. За се ова ПСЖ мора да плати 150.000 евра.

Јасно е дека овие пари се никакви во однос на оние 150 милиони евра кои ПСЖ ги заработи од УЕФА за својот настап во ЛШ во минатата сезона, во која за првпат станаа прваци.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата