Уапсен организаторот на турнејата на Меси во Индија

14.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен организаторот на турнејата на Меси во Индија

Откако настана вистински хаос, и невивачите кои пристигнаа на стадионот кршеа столчиња, пробаа да влезат во теренот и направија серија инциденти, полицијата во Индија го уапси организаторот на турнејата на Лионел Меси во Индија.

Информациите од таму се дека извесниот Сатадру Дута кој се води како организатор на настанот, бил приведен од полицијата.

Адвокатот на Сатадру, Дјутимој Батачарја, им изјави на новинарите денеска дека барањето на Сатадру за кауција е одбиено и дека наместо тоа тој е задржан во притвор од 14 дена.

Снимките од индиската новинска агенција АНИ прикажаа како стотици навивачи упаѓаат на терен, кршат седишта, фрлаат предмети и ги вандализираат трибините на стадионот со капацитет од 85.000 гледачи по краткото појавување на Меси во саботата на настанот за кој имаше билети.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата