Цел стадион славеше: Некој се радува на титула, а некој на старт на нова сезона со 0 бодови! (ВИДЕО)

4.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цел стадион славеше: Некој се радува на титула, а некој на старт на нова сезона со 0 бодови! (ВИДЕО)

Англиски Шефилд Јунајтед заврши како последен во англиската Чемпионшип лига и следната сезона се сели во Лига 1 натпреварувањето. Клубот оваа сезона оствари само две победи (имаше и 12 ремија), но сите бодови им беа одземени, затоа што поради финансиски проблеми беа казнети со одземање на дури 18 бода.

Даночната управа на Велика Британија имаше намера дури и да го ликвидира клубот поради долгови, но сепак, на крајот тој влезе во стечај. Играчите и персоналот беа без плати со месеци, а клубот не плаќаше даноци и останати давачки. Но, Шефилд Јунајтед е сè уште жив!

Иако беше најавено дека клубот ќе ја започне следната сезона со минус 15 бода, сепак викендов Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) ја укина казната. На стадионот каде го одиграа последниот сезонски меч навивачите едноставно паднаа во екстаза кога разбраа дека следната сезона ја почнуваат од нула! Некој славеше промоција, а некој се радуваше и на вакви работи!


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата