Веќе се знае дека Дон Карло Анчелоти ги брои последните денови како тренер на Реал Мадрид. Без разлика дали ќе ја освои Ла Лига, а шансите не се така големи ако се знае дека Барса има +4 бода, Италијанецот мора да си оди иако има договор до следниот јуни.
Тоа е дефинитивна одлука на Флорентино Перез и тоа најмногу поради фактот дека Анчелоти преговарал со Бразил во период кога е тренер на “кралевите“.
Ова значи дека Реал Мадрид на СКП во САД кое се игра од 14 јуни до 13 јули ќе биде предводен од нов тренер, ама тоа нема да биде Чаби Алонсо кој ќе дојде на “Сантијаго Бернабеу“ нешто подоцна во текот на летото.
Тренер на Реал тој месец ќе биде Сантијаго Солари, некогашен играч на “кралевите“ кој веќе еднаш како тренер го “гасеше пожарот“ во Мадрид.
И што ако Солари со Реал го освои Светското клупско првенство во САД?
Ништо! Ќе мора како светски првак клупата да му ја предаде на Чаби Алонсо.
Тоа е тежината на клупата на најголемиот клуб во светот.
Тоа е Реал Мадрид.