Тимот на Пеп победи со 8:0: Сити немаше милост кон градскиот ривал во ФА Купот!

11.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тимот на Пеп победи со 8:0: Сити немаше милост кон градскиот ривал во ФА Купот!

Дали Манчестер Сити полека, но сигурно излегува од тешката криза? Ако е по она што видовме вечерва во меч од 1/32 финалето во ФА Купот, веројатно е така. Тимот на Пеп Гвардиола успеа да слави со 8:0 против градскиот ривал и со тоа да се пласира во следната фаза во ова натпреварување.

Јасно е дека квалитетите на Салфорд не се меродавни, но нели, сепак осум голови си се осум голови.

Гвардиола на оваа средба, нормално, комбинираше со составот а стрелци на овој меч, на тие осум голови беа Мекати три, Доку два, Грилиш, О`Рајли и Мубама.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата