Тадиќ одби милиони од Звезда, за да потпише за Атлетико Мадрид

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тадиќ одби милиони од Звезда, за да потпише за Атлетико Мадрид

Како што тврдат медиумите во Србија, Душан Тадиќ сеуште има намера да игра на највисоко ниво и покрај неговите 36. години во моментов.

Токму поради тоа, србинот ја одби сериозната финансиска понуда од Црвена Звезда, и фаќа лет за Мадрид, каде што ќе стане дел од големиот Атлетико.

Тој доаѓа од тимот на Фенербахче, каде што имаше сериозна улога, но неговиот договор заврши, па тој можеше да бира каде ќе замине.

Очигледно смета дека сеуште е гладен за трофеји и европско ниво на фудбал, а не за преселба во Белград, па затоа и одлуката да замине за Мадрид.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата