Светско клупско: „Нула“ во Њу Џерси, Ботафого го победи Сиетл

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светско клупско: „Нула“ во Њу Џерси, Ботафого го победи Сиетл
Фото: ФЦ Порто

Во текот на ноќта се одиграа уште два натпревари од Светското клупско првенство. Во групата А, Палмеирас и Порто одиграа без голови (0:0) во Њу Џерси. Бразилците беа нешто поофанзивни, повеќе ја поседуваа топката и упатија поголем број удари, но не успеаја да го пробијат португалскиот ѕид. По првото коло, сите четири тима во оваа група имаат по еден бод, бидејќи и Интер Мајами и Ал Ахли одиграа 0:0 во саботата.

Многу повозбудливо беше во вториот натпревар, каде што Ботафого го совлада Сиетл Саундерс со 2:1. Бразилците поведоа во 28. минута со гол со глава на Жаир по центаршут од слободен удар на Алекс Телес. На 2:0 зголеми Жесус, исто така со глава, во 44. минута. Кристијан Ролдан во 75. минута намали на конечни 2:1.

По ова коло, Ботафого и ПСЖ се на врвот на групата Б со по три бода, додека Сиетл и Атлетико ќе ги бараат првите бодови во следното коло.

Вечерва се играат три натпревари од Светското клупско првенство:

  • Челзи – Лос Анџелес од 21:00 часот
  • Бенфика – Бока Јуниорс на полноќ
  • Фламенго – Есперанс Тунис од 03:00 часот после полноќ.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата