Светот и натаму жали за погибијата на играчот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат, кои загинаа како последица на тешка сообраќајна несреќа. Фудбалерот и неговиот брат со своето Ламборџини при обид да претекнат автомобил доживеале пех што пукнала гума, па се забиле во заштитната ограда по што автомобилот се запалил, а тие починаа на лице место. Иако брзата помош на лице место пристигнала многу бргу спас за браќата немало.
На погребот на Диого Жота и на неговиот брат присуствуваа огромен број на луѓе, секако сите оние кои што во фудбалскиот свет во Португалија значат нешто како и целокупниот тим на Ливерпул.
Кристијано Роналдо не пристигна но во контактот со семејството јасно ставил до знаење дека не сака со своето присуство да го засени моментот на болка и тага на најблиските.
Сепак, она што светот го шокираше во моментов е вистината околу тоа зошто на погребот не се појавил колумбискиот интернационалец Луиз Диаз, инаку соиграч на Жота од Ливерпул. Тој во моментите на тага, всушност бил на забава со локален инфуенсер во Колумбија. Ова исклучително ги разбесни особено навивачите на Ливерпул за кои сега не се знае воопшто како ќе реагираат кога Диаз ќе се врати во Англија.
Total falta de empatía de Luis Díaz.
Mientras todo el equipo de Liverpool FC llora la partida de Diogo Jota, su compañero de equipo Lucho Díaz se divierte y anda de party como si nada hubiera pasado. pic.twitter.com/42jzAN1aAI
— TENDENCIAS (@tendeciasx) July 6, 2025