Некогашниот капитен на Фиорентина, Давиде Астрои кој ненадејно почина во 2018 година, повторно ги полни страниците во Италија.
Поточно, судот во Фиренца, кој што осуди на казна затвор тројца доктори кои за кои се процени дека имаат директна вина за неговата смрт.
Судењето беше поврзано со наводно фалсификување на медицински документи издадени на Астори, кој ненадејно почина на 4 март 2018 година. Како причина за смртта беше утврдена аритмогена деснострана кардиомиопатија .
Суд во Фиренца го осуди Џорџо Галанти, поранешен директор на спортска медицина во болницата „Кареџи“, на една година затвор. Д-р Лорија Тончели и професорот Пјетро Амедео Модести добија по осум месеци. Модести беше обвинет и за уништување на оригинален документ. Сепак, судот не ги прифати отежнувачките околности и изрече полесни казни од оние што ги побара обвинителството.
Судот ги отфрли барањата за надомест поднесени од адвокатите на роднините на Астори – неговата партнерка Франческа Фиорети, нивната ќерка Виторија, како и неговите родители и брат.
Tre medici sono stati condannati per aver falsificato un certificato medico in uno dei processi sulla morte del calciatore Davide Astorihttps://t.co/1g3PKlL7ds
— Il Post (@ilpost) June 14, 2025