Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски со својот тим Валенсија предмалку успеа да извојува значајна победа на домашен терен од конечни 2:1, против тимот на Џирона.
Нашиот интернационалец стандардно беше дел од почетните единаесет во триумфот кој што го донесоа Рамазани, односно Садик со головите во 50. односно 59. минута.
Гостите намалија преку Рока во 63. минута но тоа беше се од нив на овој меч.
Валенсија со овој триумф на табелата е на единаесеттото место со вкупно 39 бодови, додека пак Џирона е три места подоле со 38.

