По цели педесетина години откако во Белград, репрезентацијата на Чехословачка ја освои титулата Европски фудбалски првак, УЕФА со официјална одлука реши истата да и ја додели и на суверена Словачка, покрај тоа што досега титулата важеше само на име на Чешка.
Имено, проценето е дека во тој состав на Чехословачка, поголемиот дел од играчите биле со словачко потекло, па аналогно на тој податок, сега независна Словачка има право да се закити со европската титула.
Тој шампионат, и тоа финале поточно ќе биде запаметено секако по триумфот на Чехословаците против Западна Германија, по подоброто изведување на пеналите, и онаа легендарна „Паненка“.