Слот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!
ФОТО: FC Liverpool/FB

По онаа вчерашна бламажа, којзнае која по ред сезонава, раководството на Ливерпул денеска имало состанок со тренерот Арне Слот. Кажано му било на холандскиот стратег дека засега останува на клупата, барем според медиумите на Островот, но упатен му бил и ултиматум.

Мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул ќе го игра својот следен натпревар во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одиграат на 6 декември на гости кај Лидс. „Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот беше дополнително засилен во текот на летото. Сепак, резултатите беа изостанати – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати – барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата