Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го привршува ангажманот на Маурисио Покетино, кој наскоро треба да биде именуван за нов тренер на екипата.
Мајкл Карик заминува по 11 месеци поминати на клупата на „црвените ѓаволи“, откако во јануари го наследи Рубен Аморим. Првично ја извршуваше функцијата привремен менаџер, но потоа доби постојан ангажман, откако успеа да го одведе тимот во Лигата на шампионите.
Навивачите не се толку лути на Карик колку што се незадоволни од семејството Глејзер и целокупната сопственичка и управувачка структура на клубот. Тие сакаат да ги видат нивните грбови, а незадоволството отворено го изразуваат на секој натпревар. Одамна е јасно дека деловната политика на Манчестер Јунајтед, барем од спортски аспект, не го води клубот во вистинска насока, а тоа го потврдува и најновото истражување на британските медиуми.
Во периодот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед потрошил речиси 130 милиони евра за ангажмани и заминувања на тренери.
Сè започнало со ангажманот на Дејвид Мојес, кој не сакал да го задржи стручниот штаб на Сер Алекс Фергусон, па за нивното заминување биле издвоени околу три милиони евра. Самиот Мојес, заедно со својот стручен штаб, го чинел клубот околу 5,5 милиони евра.
Убедливо најскапи биле Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб, за кои биле издвоени 23,47 милиони евра, како и Ралф Рангник со својот тим, кој го чинел клубот 17,6 милиони евра.
На листата се наоѓаат и Луј ван Гал, Оле Гунар Солскјер, Ерик тен Хаг, како и спортскиот директор Ден Ешворт, за чиј ангажман и заминување биле издвоени вкупно 16,76 милиони евра. Навистина астрономска сума!
На оваа листа е вклучен и ангажманот на Маурисио Покетино, бидејќи неговата откупна клаузула изнесува 8,86 милиони евра.
Вкупната сума е онаа што веќе ја споменавме – дури 130 милиони евра. За споредба, Манчестер Јунајтед никогаш не платил толку многу за ниту еден фудбалер. Денес сме сведоци дека премиерлигашите редовно ја надминуваат таа граница. Најскапо засилување во историјата на клубот е Пол Погба, за кого во 2017 година беа издвоени 105 милиони евра.
Сепак, оваа сезона Манчестер Јунајтед има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања. Премалку за клуб од таков калибар.

