Шпанија е без пораз 39 меча во низа: „Му ја покажавме на светот нашата амбиција!“

27.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија е без пораз 39 меча во низа: „Му ја покажавме на светот нашата амбиција!“
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Синоќа на Вембли, Англија и Шпанија го одиграа дербито од првото коло од Лигата на нации, а светските и европските шампиони победија со 2:3 во групата А3 по еден „ролеркостер“.

Импресивната серија на Шпанија без пораз достигна 39 натпревари, а тренерот на трофеите Луис де ла Фуенте вели дека тимот нема намера да застане тука…

„Многу сум задоволен од резултатот, сликата што ја покажавме и фактот дека му докажавме на светот дека имаме огромна амбиција и желба за победа. Имаше моменти во кои се мачевме, но игравме против Англија. На полувремето разговаравме, ја имавме играта под контрола и имавме три многу добри шанси. Повторно покажавме дека сме тим кој никогаш не се откажува и кој нема намера да престане да победува“, рече Де ла Фуенте по натпреварот, а потоа ги пофали своите играчи:

„Ова е нивна заслуга, ние едноставно избираме играчи според модел кој е создаден за такви луѓе. Сè уште имаме многу простор за подобрување, а новите играчи многу брзо се вклопуваат. Постои човечка, семејна врска што нè тера да растеме и да се жртвуваме уште повеќе. Исто така, имаме фантастичен фудбалски талент“, рече Де ла Фуенте.

А за низата рекорди…

„Бројките се објективни. Многу е тешко да се направи она што го прави Шпанија. Ќе играме против Хрватска како да ни е последен натпревар“, заклучи тој.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата