Шокантно: Јамал го пропушта Мундијалот?! (ВИДЕО)

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантно: Јамал го пропушта Мундијалот?! (ВИДЕО)
ФОТО: FC Barselona/X

Шок за Барселона, ама шок и за Шпанија. Последните вести велат дека Ламине Јамал би можел да го пропушти СП 2026. Имено Јамал го напушти вечервашниот натпревар од Ла Лига против Селта поради повреда. Тој ја погоди мрежата од пенал, се фати задната ложа, а потоа отиде во соблекувалната. Првите прогнози за 18-годишната ѕвезда не се оптимистички. Ламин Јамал го напушти натпреварот против Селта повреден. Тој го изведе пеналот, а потоа падна на теренот, а потоа отиде во соблекувалната држејќи се за задната ложа. Првите информации за повредата на ѕвездата на Барса пристигнаа веднаш. Ситуацијата воопшто не е безопасна. „Ел Партидазо де Копе“ тврди дека Јамал ја скинал задната ложа. Сепак, тие нагласуваат дека се очекуваат дополнителни тестови. Нешто слично пренесе и “Марка“.
И Мундо Депортиво ги носи истите информации заедно со загрижувачки вести за шпанската репрезентација. Светското првенство е под знак прашалник за Ламин.

Доколку прегледите го потврдат кинењето на ложата, неговиот настап на почетокот на Светското првенство е под знак прашалник“.

Паузата поради кинењето на задната ложа зависи од степенот на повредата. Посериозните случаи можат да бидат надвор од теренот до шест месеци.
Повеќе информации веројатно ќе бидат познати во четврток. Многумина ноќеска нема да спијат.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата