Тимот на Севиља на најдобар можен начин денеска ја потврди улогата на фаворит во домашниот дуел против тимот на Овиедо и стигна до триумф од високи и убедливи 4:0.
Овој дуел имаше само еден правец затоа што домашните дојдоа во водство по само четири минути игра со голот на Адамс.
Веќе во 22. минута беше 2:0 со голот на Џибрил Соу, по што веќе голем дел од нештата на овој меч се знаеа.
Батиста Менди во 51. минута прави 3:0, а остатокот од мечот беше само рутина за неговите актери до двете страни.
Конечниот резултат го постави Ејуке во 89. минута

