Откако Рубен Аморим вчера доби отказ во Манчестер Јунајтед, тимот засега ќе го води Дарен Флечер. Јасно е дека тој не е решение на долги патеки, и јасно е дека фановите на овој клув едвај чекаат да видат за кого ќе се одлучи првиот човек на клубот Сер Џим Ретклиф.
И нему му е јасно дека сега веќе нема право на грешка и мора да се донесе квалитет на клупата.
Од друга страна Сер Ретклиф на своите блиски им се доверил со тоа дека за него само еден тренер е идеален за менаџер на Манчестер Јунајтед, а тоа е Маурицио Покетино. Јасно е дека до нега, барем засега, тешко ќе се дојде ако се знае дека Арентинецот е селектор на САД. Како што е познато Покетино досега ги водеше Тотенхем, ПСЖ…а дали е тој идеалниот човек за Манчестер Јунајтед ќе се види само ако дојде на „Олд Трафорд“.

