Сасуоло поуспешен од Аталанта

1.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сасуоло поуспешен од Аталанта

Во дуелот од новото коло од Серија А, тимот на Сасуоло попладнево на свој терен беше поуспешен од тимот на Аталанта со конечно 2:1.

Првиот клучен момент на мечот се случи во 16. минута кога домашните останаа со играч помалку по исклучувањето на Пиамонти.

Сепак, само неколку минути подоцна, во 23. минута Коне погоди за водство на Сасуоло.

За нов гол се чекаше до 69. минута кога за домаќинот Торсведт реализираше за 2:0, а конечниот резултат го постави Муса во 88. минута.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата