Салах ќе остане во Европа, турскиот гигант е во трета фаза на преговори

1.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах ќе остане во Европа, турскиот гигант е во трета фаза на преговори
ФОТО: Liverpool FC/FB

Мохамед Салах најверојатно ќе остане во Европа следната сезона, и покрај привлечните понуди од Саудиска Арабија. Напаѓачот ќе го напушти Ливерпул, а неговиот најверојатен следен клуб е Фенербахче.

Според информациите од „А Спорт“, претставници на турскиот гигант веќе води преговори со Салах. Страните имале два состанока, а трет бил планиран за деновите по дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај, но тој пропаднал поради претседателските избори во турскиот клуб.

Египќанецот сака 20 милиони евра годишна плата за да потпише со Фенербахче. Ова го откри потпретседателот на истанбулскиот тим Ертан Торуногулари.

33-годишниот Салах заработи повреда во победата од 3-1 над Кристал Палас и се веруваше дека го одиграл својот последен натпревар за Ливерпул, но според последните информации, тој ќе се врати на теренот на крајот од сезоната. Египќанецот ќе го напушти Енфилд како трет најдобар стрелец на тимот на сите времиња.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата