Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, негираше каков било контакт со Барселона.
Кандидатот за претседател на Барселона, Hави Виљахона, изјави во текот на неделата дека неговите соработници веќе го контактирале Хари Кејн за да договорат трансфер за англискиот напаѓач доколку победи на изборите.
Сепак, Кејн тврди дека не знае ништо за тоа.
„Навистина не знам ништо за тоа. Мојот татко и мојот брат се занимаваат со овие работи и не ми кажале ништо за каков било контакт. Многу сум среќен во Баерн, целосно сум фокусиран на оваа сезона и продолжувањето на кариерата во Минхен. Сепак, признавам дека интересот на таков клуб е секако комплимент“, рече Кејн.
Англичанецот беше неверојатен оваа сезона, иако ќе наполни 33 години на лето. Во 36 натпревари за Баерн, тој постигна 43 гола и имаше пет асистенции. Откако пристигна во Минхен, тој постигна 128 гола и имаше 31 асистенција на 132 натпревари.
Тој има договор со Баерн до летото 2027 година, но се очекува да потпише нов договор до јуни 2029 година.

