Роналдо од 2008-ма е победник во изборот за „Најдобрата Златна Топка“ во историјата

28.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо од 2008-ма е победник во изборот за „Најдобрата Златна Топка“ во историјата

Кристијано Роналдо и неговата историска сезона во дресот на Манчестер јунајтед во 2008 година се победници во специјалниот избор B.O.A.T., организиран од „Франс фудбал“, за најдобрата верзија на освојувач на „Златната топка“ во историјата.

Португалецот во гласањето на навивачите го победи Лионел Меси со неговото издание од 2012 година. На третото место се најде Роналдо од 2017 година. Во изборот учествуваа фудбалери кои најмалку двапати ја освоиле престижната индивидуална награда.

Роналдо ја освои својата прва „Златна топка“ во 2008 година, по извонредната сезона во која со Манчестер јунајтед ги освои англиската Премиер-лига и Лигата на шампионите. Во првенството постигна 31 гол, а сезоната ја заврши со вкупно 42 погодоци во сите натпреварувања. Со тоа уште еднаш се потврди неговиот статус меѓу најголемите фудбалери на својата генерација.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата