Ромарио: Роналдо требаше да го отера селекторот во „п…м….“!!!

8.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ромарио: Роналдо требаше да го отера селекторот во „п…м….“!!!

Легендарниот Ромарио, покрај тоа што е светска фудбалска класа, и е планетарно познат по неговиот исклучително тежок и специфичен карактер. Некогашниот напаѓач е често во центарот на вниманието поради своите изјави, настапи на разни настани, подкасти и медиуми па јавноста едвај чека тој да се појави и да каже нешто што ќе одекне како бомба.

Овојпат Ромарио на еден бразилски подкаст се осврна на темата Кристијано Роналдо, репрезентацијата на Португалија и селекторот Жезус. Добро е познато што се случи, Роналдо на кој начин го напушти репрезентативниот кампус и понижувањето кое што го доби од селекторот. На сето тоа Ромарио има конкретно мислење.

„Мислам дека тоа беше грешката на Роналдо на почетокот… Всушност, во таа ситуација, Роналдо се почувствува недоволно ценет како некој што не е важен и едноставно си замина. Тоа е сè. Да бев на негово место, ќе го направев истото“ – рече Ромарио и додаде.

„Единствената работа е што, пред да си заминам, прво ќе му речев да се носи во „п…м…“! Но, дефинитивно ќе си заминев – тоа е сигурно. Зар тоа не беше грешка од негова страна? Токму тука згреши – што не го отера во „п…м…“ – рече екцентричниот Ромарио.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата