Откако Каљари го совлада Фросиноне во првиот дуел од Серија А денеска со миниминални 1:0, на вториот дуел, екипите на Торино и Лече одиграа без победник 1:1.
Домаќинот успеа да дојде до водство во 60. минута откако Гаспар си постигна автогол, за да Ндри во 73. минура израмни на 1:1. Со гол со кој што му донесе бод на гостинот дваесетина минути подоцна.
Со четиринаесет освоени бодови досега од единаесет мечеви, тимот на Торино се наоѓа токму на единаесеттото место, додека пак Лече е три места подолу со десет поени.

