Продолжува хаосот околу Вујадин Савиќ…. уапсена трансродната личност која го уценувала за пари

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува хаосот околу Вујадин Савиќ…. уапсена трансродната личност која го уценувала за пари

Белград и Србија ја тресе досега ретко виден скандал  во кој е вклучен поранешниот репрезентативец и член на Црвена Звезда но и многу други странски клубови, Вујадин Савиќ.

Имено, Савиќ кој што до пред ден два беше дел од стручниот штаб токму на Црвена Звезда е тема на страшен секс скандал. Во кој Савиќ наводно е дел од компрмитирачко секс видео со трансродна личност. Која пак, да биде скандалот уште поголем, потоа го уценувала Савиќ за 50.000 евра сума која што му ја побарала за да видео доказот не излезе во јавност.

Откако клипот ја видел светлината на денот преку една од платформите на интернет, јавноста во Србија „збесна“. Звезда веднаш го отпушти Савиќ, а сега веќе 21. годишната личност која што имала прибежиште во белградската населба Врачар, е уапсена. Полицијата влегла во станот за да прибира докази. Веќе на дотичниот 21. годишен А.К. му е одреден притвор, пред се од претпазливост да не му се случи нешто доколку е на слобода.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата