И дефинитивно тоа не е Хајдук како што се најавуваше. Един Џеко, иако има 39 години сеуште важи за еден од најбараните напаѓачи во Европа. По две години пауза, тој се враќа во Серија А и тоа во Болоња. Клубот кој што по долго, долго време конечно освои трофеј, оној во Купот на Италија и успеа да го доведе или работата е при крај, босанскиот Дијамант.
Познато е колку ќе заработува Џеко во Болоња. Неговата годипна плата ќе биде 1,5 милиони евра нето, а тука се и бонусите.
Инаку Болоња не се шегува, има намера да го доведе и Хаким Зијеш, репрезентативецот на Мароко и некогашен член на Ајакс, Челзи, Галатасарај, кој доаѓа како слободен играч од Ал Духаил.
Секако дека со овие две засилувања, Болоња има намера и тоа како да си ја врати старата слава.