Помилување: Џака си плати, скандалот завршен!

28.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Помилување: Џака си плати, скандалот завршен!
ФОТО:facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Швајцарската фудбалска асоцијација одлучи да ги помилува Гранит Џака и Брил Емболо, и покрај тоа што двајцата беа санкционирани од судот за добивање лажни сертификати за Ковид.
Иако се најдоа во центарот на невидена афера поради измама на системот за време на пандемијата во 2022 година, тандемот повторно ќе го носи дресот со националниот грб веќе во ноемвриските предизвици, кога се очекува Швајцарците да се натпреваруваат со селекциите на Шкотска и Словенија. Епилогот на судот донесе удар по џебот – и Џака и Емболо мораа да платат по 150.000 франци, заедно со двегодишна условна казна.
Сепак, во куќата на фудбалот во Берн проценија дека ова стави крај на случајот.
“Детално ја анализиравме целосната слика, ги разгледавме сите специфики на процесот, фактот дека законските процедури се завршени и дека играчите веќе претрпеле одредени санкции на спортско ниво. Цврсто веруваме дека нивното враќање во националниот тим во ноември е целосно оправдан и зрел потег“ изјави Пјерлуиџи Тами, директор на репрезентацијата.
Најголемата дилема сега се префрла на селекторот Мурат Јакин. Швајцарскиот стратег ќе го објави конечниот список на 5 ноември, кога ќе се знае дали Џака, по сè што се случи надвор од теренот, ќе ја задржи капитенската лента.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата