Полувреме: Јунајтед има 3:0 на „Сан Мамеш“ и Мегваер како екстра десно крило!

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме: Јунајтед има 3:0 на „Сан Мамеш“ и Мегваер како екстра десно крило!

Завршија првите полувремиња од четирите први полуфинални мечеви во ЛЕ и ЛК.

Секако дека најинтересно е на “Сан Мамеш“ во Билбао, каде Јунајтед на гости кај Атлетик има водство од 0:3. Прво Каземиро во 30.минута стрелаше за 0:1 откако претходно Мегваер направи дар-мар како десно крило по што нафрли пред голот на домашните.

За 0:2 од пенал стрелаше Бруно Фернандеш во 37.минута, а Билбао остана и со играч помалку по црвениот картон на Вивијан. Капитенот на Јунајтед ја затресе мрежата на Билбао и во 45.минута.

Тотенхем со 2:0 води против Бодо/Глимт во Лондон со головите на Џонсон и Медисон.

Во Лигата на Конференции, по првите полувремиња резултатите се Бетис – Фиорентина 1:0 и Ѓургарден – Челзи 0:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата