Почина легендата на Ливерпул и Велс

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина легендата на Ливерпул и Велс
FOTO LIVERPOOL X

Некогашниот велшки репрезентативец и легендарен дефанзивец на Ливерпул, Џои Џонс почина по кратко боледување на 70. годишна возраст.Оваа информација ја пренесе самиот Ливерпул, но и Врексам, клубот за кој исто така настапуваше Џонс.

Левиот бек, познат по исклучително цврсти стартови беше дел од Ливерпул кога овој тим го освои првата европска титула во 1977 година, а потоа успешно го одбрани истиот трофеј една година подоцна.

Џонс забележа дури седумдесет настапи за својата земја, а за Врексам настапуваше единаесет сезони во три наврати. Овој клуб ќе изгради споменик во негова чест пред стадионот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата