Пиоли официјално е нов тренер на Фиорентина

12.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пиоли официјално е нов тренер на Фиорентина

Искусниот Стефано Пиоли денеска и официјално е претставен како нов тренер на екипата на Фиорентина. Тој доаѓа на местото на Рафаеле Паладино,  кој што си замина по завршувањето на минатата сезона.

За Пиоли, ова ќе биде втор мандат во Фиренца, откако беше на чело на „Виола“ од 2017 до 2019 година пред да го преземе Милан.

Пиоли писледно беше дел од екипата на Ал Наср, а овдека се обврза на договор кој е со времетраење до 2028 година.

„Многу сум задоволен од доаѓањето на Стефано Пиоли. Од првите зборови што ги разменивме, кај тренерот видов човечки вредности и желба да се бори за овој клуб и овој град што тој го познава толку добро и за кој е длабоко поврзан. Моето семејство, јас и сите во Фиорентина го поздравуваме враќањето на Стефано и му посакуваме се најдобро во оваа нова авантура“,рече претседателот на клубот, Роко Комисо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата