Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

5.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што Пикфорд нема причина зошто да го одбие.

Пикфорд има 32. години во моментов и е во пикот на кариерата, што се вели. Има статус на англиски репрезентативец, досега настапи за Гордиот Албион 76. пати и е сметан за еден од најдобрите чувари на мрежата на Англија во последната деценија.

Тоа секако е уште еден плус Евертон не само да му даде нов договор туку и истиот да има подобри услови отколку постојниот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата