Пех за Јувентус: Јилдиз мора на операција, следува долга пауза

26.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пех за Јувентус: Јилдиз мора на операција, следува долга пауза
фото: Juventus FC (X)

Крилниот напаѓач на Јувентус, Кенан Јилдиз, ќе биде подолго време надвор од теренот. 21-годишниот фудбалер се повреди за време на натпреварот против Фрозиноне во првото коло од Серија А (1:0).

Според „Газета дело Спорт“, медицинскиот преглед на Јилдиз во понеделникот покренал сомнежи за фрактура на метатарзалната коска, а понатамошните тестови ја потврдиле загриженоста на лекарите од Јувентус. На Кенан речиси сигурно ќе му биде потребна операција.

Се очекува Јилдиз да отсуствува од два и пол до три месеци. Клубот се надева дека ќе може да се опорави пред ноемвриската репрезентативна пауза.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата