Екипата на Овиедо на домашен терен имаше водство од 1:0 се до 83. минута кога Бетис со голот на Ло Цолсо успеа да изедначи на 1:1, што значеше и конечен резултат подоцна, и на тој начин да освои бод на ова тешко гостување.
А се беше добро наместено на овој меч за домаќинот кој што поведе преку Иљас Чаира во 64. минута. Сепак, домашната одбрана не издржа да го одбрани ова минимално водство, па на крајот мораше Овиедо да се задоволи само со бод.

