Овиедо има нов тренер: Алмада е третиот стратег оваа сезона

17.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овиедо има нов тренер: Алмада е третиот стратег оваа сезона
фото: Real Oviedo (X)

Уругвајскиот стручњак Гиљермо Алмада е новиот тренер на Овиедо, објави синоќа шпанскиот клуб.

Алмада го водеше Ваљадолид оваа сезона, а Овиедо објави дека го откупиле неговиот договор и дека Уругваецот ќе биде тренер до крајот на сезоната. Тој ќе стане третиот тренер на Овиедо оваа сезона, по Луис Карион, кој беше отпуштен пред два дена, и Вељко Пауновиќ, кој го напушти клубот на почетокот на октомври.

Новиот тренер на Овиедо го предводеше Ваљадолид во втората шпанска лига до резултат од шест победи, шест нерешени резултати и шест порази. Овиедо моментално е на претпоследното, 19-то место на табелата во Ла Лига со 10 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата