Неверојатно, епска бламажа. Ако ова е најголемиот клуб во светот тогаш каде оди фудбалот. Ова го нема ни на Балканот. Ова е најголемата бламажа, брука која се случича во Реал Мадрид откако постои овој клуб.
Замислете, родители на играчи на Реал му се јавувале на Флорентино Перез и го молеле за поголема минутажа за свиоте деца!!!!
Ова е брука невидена.
Медиумите во Шпанија наведуваат дека станува збор за двајца играчи, едниот играл за селекцијата на Англија, а вториот за селекцијата на Шпанија.
Од ова произлегува дека станува збор за Џуд Белингам, а вториот бил Дени Хујсен или Раул Асенсио.
Така барем шпекулираат шпанските инсајдери.
Навистина Реал е во голема криза. Првио резултатска, втора сезона во низа без трофеј, а потоа и организациска. Имено нема ден да не искочи некоја “бомба“ од клубот, се разбира во негативна конотација.

