Зарем некој можеше да помисли дека вечерва ПСЖ во финалето на Купот на Франција ќе пропушти шанса да освои уште еден пехар посебно ако се знае дека за ривал го имаше Ремс.
Четата на Луис Енрике славеше со 3:0 и со тоа дојде, по пехарот во првенството, до трофеј и во ова натпреварување.
Интересно, ПСЖ мечот го започна со својот најсилен состав, само на голот го немаше Донарума. Планот беше да се дојде до што повисоко водство во првиот дел, за да потоа тренерот Луис Енрике повлече дел од играчите ако се знае дека следната сабота тимот од Париз во Минхен го игра мечот на сезоната.
Па така Баркола во 16 и 19 минута стрелаше за 2:0, а Хакими до крајот на полувремето погоди за 3:0 и тоа беше тоа од ова финале.
Па така сека ПСЖ оди по третиот трофеј сезонава, по оној во Лигата на Шампионите во сабота против Интер.
ПСЖ е на чекор до триплета.
ФОТО: FC PSG/X