Некогаш еден од најдобрите белгиски фудбалери, Раџа Наинголан, се соочува со двегодишна казна затвор и 105.000 евра парична глоба. Ова е казната која што обвинителството го бара како казна за некогашниот фудбалски репрезенаттивец на Белгија кој што е обвинет за перење пари, во големиот процес за трговија со наркотични средства.
Наинголан кој што патем сеуште игра фудбал(!?), за екипата на Патро Еизден, не е обвинет дека директно продавал дрога, или пак дека бил дел од некоја криминална група, туку дека имал нелегални финансиски трансакции. Патем, дека перел пари кои биле стекнати од крининални активности.
Според обвинението, Наинголан во текот на неколку месеци примил повеќе од 100.000 евра од Наср Един Секаки, брат на познатиот белгиски криминалец Ашраф Секаки, а потоа парите ги вратил на рати на сметката на нивната мајка.

