Репрезентацијата на Бразил синоќа одигра пријателски дуел против Јапонија во кој што патем е доживеан пораз од 3:2. Згора на тоа, на самиот меч имаше тензии, црвени картони, изјави по дуелот на тема на судиите.
Звездата на Барселона, Рафиња во центарот на вниманието затоа што беше исклучен, и нема да може да настапи на следниот закажан дуел против Сингапур, исто така од пријателски карактер.
Но тука оваа ситуација добива нова димензија, откако бразилската федерација одби да го ослободи Рафиња на барање на неговиот матичен клуб Барселона. Од таборот на Бразил сметаат дека напаѓачот е премногу важен за тимот, и покрај тоа што нема да може да настапи. Од Барса се бесни како што пишуваат каталонските медиуми.
Од друга страна пак, можеби имаат и право затоа што Рафиња според нив премногу често се враќа од репрезентативните собири повреден. Сега очигледно со право го бараат назад, но тоа очигледно нема да се случи. Односите помеѓу двете страни одамна на оваа тема се и тоа како затегнати.

