Во пресрет на неделното „Ел Класико“, секако дека за медиумите во Шпанија интересен соговорник е Луис Фиго, кој направи трансфер од Барселона во Реал Мадрид. Иако минаа речиси три децении од тогаш, и сега тој момент одново и одново се прикажува.
Од друга страна Фиго беше прашан за тоа од кого очекувал да биде тренер, и тоа успешен, од неговите соиграчи во Барса и Реал:
„Искрено знаев уште тогаш дека Пеп Гвардиола и Луис Енрике ќе бидат тренери. И двајцата, за разлика од останатите, на поинаков начин ги работеа тремнинзите кога беа играчи. Тоа им се гледаше во нивните погледи што се вели. За Зидан не очекував дека ќе биде тренер, уште помалку дека ќе освои толку трофеио со Реал Мадрид како стратег“ посочи Португачецот кој после тоа играше и во Италија.
На прашањето кој ќе победи на „Ел Класико“, тој одговори:
“Мислам дека Реал ќе победи со 3:1“.

