(НЕ)ОЧЕКУВАНО: Инфантино ја потврди кандидатурата за нов мандат!

6.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(НЕ)ОЧЕКУВАНО: Инфантино ја потврди кандидатурата за нов мандат!
фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се кандидира за реизбор на изборите во март. Неговата кандидатура е проследена со контроверзии, вклучително и оспорување на неговата подобност да се кандидира за трет целосен мандат.
Џани Инфантино ќе се кандидира за реизбор за претседател на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) во време на голема поделба и отворен конфликт со моќните конфедерации, првенствено Европската (УЕФА).
Инфантино е под притисок и поради неговиот неуспешен обид да ги продаде комерцијалните права за турнирите на ФИФА на приватни инвеститори, што предизвика силни реакции и повици за негова оставка.
И покрај сè, од Цирих пристигна потврда дека Инфантино не се откажува од борбата за нов мандат и во моментов е единствениот регистриран кандидат. Портпарол на ФИФА потврди дека Инфантино ќе се кандидира, како што беше претходно најавено.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата