Во првиот меч од денешната програма во Серија А, тимот на Наполи не успеа да ја орпавда улогата на фаворит на гостувањето кај Фиорентина и одигра само 1:1, освојувајќи само бод.
Гостите реално и поведоа на овој меч преку голот на шкотланѓанецот били Гилмор во 23 минута.
Сепак, домаќинот навреме се врати резултатски во игра и успеа да израмни во 51. минута.
Стрелец на голот Алехандро Хименез кој што има солидна серија на мечеви. По две асистенции против Венеција и Пиза, овојпат реализираше во мрежата на Наполи.
До крајот на мечот мрежите не се затресоа, и Фиорентина реално може да биде задоволна затоа што веќе трет меч како е непоразена.
Наполи со овој освоен бод е на деветтата позиција со вкупно седум поени од пет меча, додека Фиорентина има четири поени на своето конто и е на две места над опасната зона.

