Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација во Буенос Аирес, на стадионот „Монументал“, против Бенин. Меси се прости во свој стил, бидејќи ја предводеше Аргентина до победа од 3:0 со еден гол и две асистенции.
Интересно е што Меси, капитенот и легендата на една од најугледните репрезентации, од националниот тим се прости против прилично слаб противник. Бенин е дури 93. репрезентација на ФИФА-листата. Никогаш не се пласирал на Светско првенство. Петпати успеал да настапи на Африканскиот куп на нации, последен пат минатата година, но никогаш не бил меѓу првите две репрезентации во групата.
Најголемиот се прости против анонимус, но откако освои сè
Сепак, Меси, кога беше најпотребно, беше тука и против најголемите. Сега ја заокружи блескавата репрезентативна кариера во која ги освои сите клучни трофеи: Светското првенство, две Копа Америка и олимпиското злато.
Меси е рекордер на аргентинската репрезентација по бројот на настапи (208), голови (126) и асистенции (69). Бенин и онака беше само повод Аргентина да се прости од својот капитен и еден од најголемите фудбалери во историјата.
Меси се збогува со Аргентина со солзи, гол и две асистенции. Погледнете го спектаклот
Ва, во 71. минута, од пенал го постигна својот 126. и последен гол за репрезентацијата, кој можете да го погледнете ТУКА. „Монументал“ тогаш експлодираше од воодушевување, а Меси по натпреварот плачеше.
Емотивен беше и за време на прошталниот говор по натпреварот:
„Не сакам да си заминам. Му благодарам на Бог што сум Аргентинец и горд сум што сум Аргентинец и што го остварив овој сон со сите вас“, порача Меси.
🚨🎙️| Messi: “I don’t want to leave. I will miss you all. I’m thankful to God for being Argentine and proud to be Argentine, and to have accomplished this dream with you all.” 🩵🩵 https://t.co/owyywWWSHA
— Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026
Аргентинците му приредија спектакуларно испраќање на Меси. На небото над Буенос Аирес, дронови ја исцртаа неговата десетка и ликот на Меси како го држи трофејот од Светското првенство.
Messi goes down the tunnel surrounded by his wife, his children, his teammates, his fans and the crowd chanting his name.
by
u/KramerDwight in
soccer
Меси го напушти теренот во солзи, во придружба на сопругата и децата, минувајќи низ шпалир од фудбалерите кои му аплаудираа, додека целиот стадион скандираше во чест на својот капитен.

