Меси: Едвај чекам да се натпреварувам со најдобрите!

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси: Едвај чекам да се натпреварувам со најдобрите!
Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Во 02 часот во недела по македонско време, со мечот Интер Мајами – Ал Ахли на “Хард Рок“ стадионот во Мајами стартува Светското Клупско Првенство, кое за првпат ќе се одигра во овој формат.

И покрај големата промоција од страна на ФИФА, се чини дека очекувањата на вистинските фудбалски фанови и не се баш толку големи.

Од друга страна јасно е дека Лео Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе биде во преден план, а еве што тој мисли за ова првенство и какви се неговите очекувања како член на Интер Мајами:

Сметам дека тоа ќе биде интересно првенство. Одлично е тоа што ќе учествувам на него како играч на Интер Мајами. Секако дека моите очекувања се различни од времето кога настапував за некои други клубови. Едвај чекам и се радувам на можноста да се натпреварувам со најдобрите и да постигнам успех“ посочи Аргентинецот.

ФОТО: ФЦ Интер Мајами/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата