Килиан Мбапе е двоен стрелец за тимот на Реал Мадрид во куп дуелот против нисколигашот Талавера со кој „Кралевите“ обезбедија пласман во следната фаза. Дуелот заврши со 2:3. Французинот погоди од пенал во првиот дел, Фарандо зи постигна автогол за 0:2, за да домашните потоа намалат на 1:2. Мбапе ги разреши сите дилеми со вториот гол, а Ди Ренцо ги постави конечните 2:3
Реал на овој меч настапи во комбиниран состав во кој беа Мбапе, Ендрик, Гарсиа, Арда, Хујсен…..
Во вториот дуел од вечерниот термин тимот на Алавез успеа со минимални 1:0 да ја елиминира Севиља на свој терен. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Висенте од пенал во 79. минута.
Двата тима се дел од осминафиналето….

