Мбапе: Имам кариера за чиста “десетка“!

20.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе: Имам кариера за чиста “десетка“!
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Се чини дека нема шанси за “Златната топка“, но затоа доби утешна награда од својата татковина. „Onze Mondial“, друго француско списание, му ја додели на Килијан Мбапе наградата за најдобар играч за претходната сезона, која ја заврши без ниту еден тимски трофеј. Сепак, францускиот напаѓач беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, Примера и Светското клупско првенство, па затоа извојува убедлива победа пред Квича Кварачелија и Жоао Невеш, според изборот на читателите на гореспоменатиот весник.

Во таа прилика, напаѓачот на Реал Мадрид разговараше со „Onze Mondial“. Запрашан да ја оцени својата досегашна кариера, која трае повеќе од една деценија на врвно ниво, Мбапе без двоумење си даде највисока оценка. Тој објасни дека вредноста на неговото патување не лежи само во трофеите и головите, туку и во тешките моменти и фактот дека никогаш не му здодеал фудбалот.
„Јас ѝ давам чиста десетка, бидејќи кариерата се живее во сите нејзини детали, и во добрите и во лошите моменти. Првото нешто што го паметам не се головите што ги постигнав или титулите што ги освоив, туку фактот дека во текот на овие 10 или 11 години никогаш не ми беше здодевно. Не го третирав она што го доживеав како нешто обично, туку секогаш го живеев во сите детали“, посочи покрај другото Мбапе.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата