Откако пред неколку дена Серџио Консеисао најави дека без разлика дали Милан ќе ја освои титулата во Купот на Италија или не, и без разлика како ќе заврши сезоната за гигантот од Милано, тој нема намера веќе да седи на клупата и дека ќе си оди.
Тоа значи дека по завршување на сезоната Милан ќе мора одново да бара тренер.
Како прва опција секако дека тука е Макс Алегри, но во последните неколку дена како сензација, медиумите пренесуваат дека еден од кандидате за стратег на Милан е и Маурицио Сари.
Познато е дека Сари е некогашен тренер на Наполи, Јувентус, Челзи, Лацио, но сега е без ангажман и дека е време одново да се врати во италијанскиот фудбал.