Манчестер Јунајтед го праќа Зиркзе во Италија и итно бара нов напаѓач

28.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчестер Јунајтед го праќа Зиркзе во Италија и итно бара нов напаѓач
ФОТО: Manchester United/FB

Манчестер Јунајтед е на чекор да се раздели со холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе до крајот на преодниот рок. Според познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Фиорентина веќе испратила официјална понуда за позајмица вредна 4,3 милиони фунти со право на откуп, а за неговите услуги и понатаму е заинтересиран и Јувентус.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе му соопштило на Зиркзе дека не смета на него. Меѓутоа, неговото заминување го остава тимот со само еден класичен централен напаѓач — Бенјамин Шешко.

Поразот од Хал Сити (0:2) на стартот од Премиер лигата покажа дека импровизациите со Матеус Куња во шпицот не даваат резултат. Поради тоа, клубот итно бара искусен напаѓач за разумна сума, а во нивниот краток список (шорт-лист) се наоѓаат три имиња: Жан-Филип Матета (29) од Кристал Палас, кој веќе подолго време бара заминување и му е понуден на МЈ од страна на неговите агенти; Ајван Тони (30) од саудиски Ал-Ахли и Игор Тијаго (25) од Брентфорд.

Трансферот на нов напаѓач целосно зависи од конечната реализација на заминувањето на Зиркзе во Серија А.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата