Луис Енрике: Марсеј играше подобро од нас, Де Зерби е одличен тренер

9.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луис Енрике: Марсеј играше подобро од нас, Де Зерби е одличен тренер
Фото: ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше среќен што го освои францускиот Суперкуп по победата по изведувањето на пенали над вечниот ривал Марсеј. Сепак, тој призна дека противникот се претстави подобро на овој натпревар и го пофали својот тренер Роберто Де Зерби.

„Беше многу напнато. Добро го започнавме натпреварот, но на крајот Марсеј играше многу силно и заслужено се врати во натпреварот. Беше исклучително тешко. Мислам дека играа подобро од нас, иако сè уште треба да го анализирам натпреварот“, рече Луис Енрике.

Шпанецот не пропушти да ги истакне квалитетите на својот противник за вечерта – Роберто Де Зерби. И покрај големото соперништво меѓу двата клуба, Енрике покажа длабока почит.

„Морам да му честитам на Де Зерби, кого сите го критикуваат. Тој е многу добар тренер“, инсистираше тренерот на Парижаните.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата