Уф, фантастичен, неверојатен натпрева, епски натпревар вечерва на “Олд Трафорд“ одиграа Манчестер Јунајтед и Борнмут, кој на крајот заврши со тие неверојатни 4:4.
Јунајтед двапати водеше со 1:0, 2:1 и 4:3, гостите водеа со 2:3, но на крајот по бод за двете екипи. Ова беше меч, ова лудило од натпревар кој секој фудбалски фан сака никогаш да не заврши.
Да кажеме дека во финишот на средбата, во судиското продолжение, гостите имаа два зицери за победа. Па така Јунајтед иако имаше три пати водство, на крајот се спасуваше од пораз.
Диало во 13.минута донесе водство од 1:0 за четата на Аморим, до крајот на полувремето беше 2:1, прво Семењо израмни на 1:1, за да Каземиро носи водство на паузата.
И тогаш во второто полувреме фудбалска “ЕКСПЛОЗИЈА“. Во 46. и 52.минута Еванилсон и Таверние стрелаат за 2:3 за Борнмут, за шок на “Олд Трафорд“.
Јунајтед не се предава, доаѓа до целосен пресврт со головите на Бруно и Куња, а крај на оваа фудбалска бајка, означи Кроупи во 84.минута за конечни 4:4.
Ова го има само во Премиерлигата…

