ЛШ – табела по 5.коло: Само Арсенал е максимален!

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ – табела по 5.коло: Само Арсенал е максимален!
ФОТО: Arsenal/FB

Вчера и завчера се одиграа сите 18 мечеви од 5.коло во Лигата на Шампионите. Проследивме спектакуларни мечеви, имаше и сензации како поразот на Ливерпул дома од ПСВ, како и оној на Манчестер Сити дома од Леверкузен. Сепак во преден план беше мега – дербито меѓу Арсенал и Баерн Минхен кое заврши со победа на тимот од „Емирејтс“ со 3:0. Секако дека ќе се паметат и оние 5:3 на ПСЖ со Тотенхем, како и победата на Челзи со 3:0 против Барселона.

Па така по ова пето коло само еден тим е максимален. Само Арсенал има пет од пет или максимални 15 бода од пет меча. Следуваат на табелата четири екипи со по 12 бода, а тоа се ПСЖ, Баерн Минхен, Интер и Реал Мадрид.

Сити е на 9. место, Ливерпул е на 13. а Барселона на 18.место.

Погледнете ја како изгледа табелата на три кола до крајот во тековната сезона во лигашката фаза во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата