ЛШ: Сорлот со хет-трик го испрати Атлетико во осминафиналето

24.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Сорлот со хет-трик го испрати Атлетико во осминафиналето
фото: Atleti (X)

Фудбалерите на Атлетико (М) први го потврдија своето место во осминафиналето од Лигата на шампионите по реванш дуелите од плеј-оф колото. Вечерва на реваншот во Мадрид против екипата на Бриж, „јорганџиите“ славеа со 4:1, па по нерешените 3:3 на првиот меч во Белгија успеаја да се пласираат меѓу 16-те најдобри екипи во Европа.

Херој на мадриѓани вечерва беше 30-годишниот норвешки голгетер сорлот, кој постигна хет-трик во победата на својот тим. Атлетико поведе со голот на Сорлот во 23. минута по едно извонредно додавање на голманот Јан Облак, по што гостите успеаја преку Ордонез во 36. минута да израмнат на 1:1.

На стартот на второто полувреме Кардосо погоди за водство на Атлетико од 2:1, по што следуваа уште два гола на Сорлот до крајот на средбата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата